We Build What You Imagine
From Concept to Creation.
What we do
Engineering, Software, Hardware & Manufacturing — All in One Place.
01
Програмирање и софтверски решенија
Програмирање и софтверски решенија Софтвер за компјутери со Windows, macOS и Linux, мобилни апликации за iOS и Android, системи за управување со бизниси (ERP, CRM, HRM), cloud платформи, решенија со вештачка интелигенција и напредни технологии за обработка на податоци, API, IoT и интеграција на различни системи.
02
Електронско инженерство
Електронско инженерство Проектирање и производство на печатени електронски плочки (PCB) според потребите на клиентот, дизајн на електронски кола, монтажа на SMD и THT компоненти, лемење, изработка на вградени електронски системи, развој на фирмвер за електронски уреди, изработка на прототипови и сериско производство.
03
Обработка на метали
Обработка на метали Високопрецизно CNC сечење со fiber ласер, виткање со електрохидраулични преси, CNC глодање, ласерско заварување и изработка на метални делови според барањата на клиентот. Обработуваме обичен челик, не'рѓосувачки челик, поцинкуван челик, алуминиум, лимови, цевки и метални профили.
04
Обработка на неметални материјали
Non-Metal Processing Ласерско сечење и гравирање, CNC глодање и дупчење, како и обработка на материјали според барањата на клиентот. Произведуваме панели, куќишта, рекламни табли, машински делови и прецизни елементи од акрил, поликарбонат, MDF, шперплоча, композитни материјали и техничка пластика.
05
Обработка на пластика и 3D печатење
Обработка на пластика и 3D печатење 3D моделирање и проектирање со CAD софтвер, производство на пластични делови со инјектирање во калапи, високопрецизно 3D печатење и изработка на прототипови според барањата на клиентот. Произведуваме функционални прототипови, куќишта, држачи, механички делови, монтажни елементи и резервни делови од материјали како PLA и PETG. Од еден прототип до сериско производство.
06
Индустриско печатење и брендирање
Индустриско печатење и брендирање Висококвалитетно UV и дигитално печатење, печатење во голем формат, печатење и сечење на самолепливи фолии, директно печатење на различни површини и персонализација со логото на компанијата. Произведуваме рекламни табли, презентациски панели, етикети за производи, налепници, промотивни материјали, дизајни за амбалажа и персонализирани производи. Печатиме на акрил, метал, стакло, дрво, PVC, пластика и други материјали.